Наставната програма во Минесота наскоро би можела да вклучува научни модули што ќе ги учат учениците дека климатските промени се предизвикани од човекот.
Предложената промена е доставена до Министерството за образование во Минесота, како дел од нацрт-стандардите за предметот природни науки.
Меѓу можните задачи што ќе им бидат дадени на учениците е и следнава: -Примени научни принципи за да дизајнираш метод за следење и минимизирање на човековото влијание врз животната средина.
Фото: Flickr
Џена Тоц, од непрофитната организација „Климатска генерација“, вели дека ова е првпат климатските промени и човечкото влијание врз нив да бидат „експлицитно критикувани“.
Консензусот меѓу повеќе од 97 отсто од климатските научници е дека климата на Земјата се менува, а човечката активност е причина за тоа, вели НАСА.
Сепак, останува дебата на политичко ниво за нивото на политики што треба да се донесат за да се ублажат климатските промени и да се ограничи зголемувањето на
глобалната температура.
Конечниот нацрт на новите образовни стандарди се очекува да бидат одобрени во мај.