X
 15.11.2019 Живот

Ѕирнете во училишниот автобус претворен во малечок дом

Некои луѓе пензијата ја доживуваат како крај на животот, додека други тогаш почнуваат да живеат. Кери Гејл, наместо да седи дома, избрала слободното време да го искористи за патување.

Таа отсекогаш сакала да патува, а со оглед на тоа дека сакала повеќе време да помине на пат, си купила стар училиштен автобус, го преуредила и се вселила во него. И токму со тој автобус сега патува низ САД.

1
Фото: Insider


За да го претвори автобусот во малечок дом ѝ биле потребни 45.000 долари.

- Сакав нешто што ќе го чувствувам како дом - вели таа.

2
Фото: Insider


Иако надворешноста изгледа како училиштен автобус, внатрешноста има сè што треба да има еден обичен дом: кујна, дневна, простор за работа, бања и спална.

- Топло е, удобно, а дрвото му дава шарм на просторот - вели таа.

3
Фото: Insider


Автобусот има изолација на ѕидовите и на подот, што ѝ помага за регулација на температурата. Гејл вели дека најдобро од сè е што нејзиниот дом може да се движи и во секој момент може да посети места каде што претходно не била.

5
Фото: Insider

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот