Времето за пензионирање може многу да се разликува од земја до земја. Графикон на веб-страницата „Вижуал капиталист“ покажува дека има многу разлики низ државите кога станува збор за старосната граница за пензионирање.
Графиконот покажува податоци од 45 држави во светот, ажурирани во 2020 година. На него се покажуваат податоци за староста на која жителите може да се пензионираат без загуби во пензијата доколку работеле од 22-годишна возраст, како и реалната просечна возраст на лицата што престануваат да работат.
Се гледа дека Саудиска Арабија дозволува пензионирање на 47-годишна возраст, иако жителите реално се пензионираат на просечна возраст од 59 години. Во Турција пензионирањето е дозволено од 52-годишна возраст, но жителите најчесто се пензионираат на просечна возраст од 61 година.
Од друга страна, Израел, Исланд и Норвешка дозволуваат пензионирање без пенали на 67-годишна возраст. Сепак, жителите на Израел и Норвешка најчесто се пензионираат на 65-годишна возраст, а оние на Исланд на 66-годишна возраст.
Нов Зеланд води во поглед на реалната просечна возраст на пензионирање. Таму жителите се пензионираат на просечна возраст од 68 години, иако старосната граница за пензионирање е 65 години.
Целиот графикон можете да го погледнете
овде.
Извор:
Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay