X
 15.12.2018 Живот

Зошто Французите протестираат во жолти елеци?

Пред само две или три недели на францускиот претседател Емануел Макрон му се чинеше дека држи сѐ под контрола, но денес веќе ги моли своите сограѓани да престанат да „шараат по Триумфалната порта“.

„Жолтите елеци“ станаа заштитен знак на француските протести, но дали знаете зошто Французите протестираат во елеци токму во таа боја?

Според известувањата на медиумите, жолтиот елек е дел од задолжителната опрема на француските возачи, што не им се допаѓа.

Французите жолтата боја ја сметаат за боја на предавството, недовербата, но и боја на штрајковите.

Меѓутоа, самиот назив „жолти елеци“ почнал одамна да се користи во медиумите, уште пред избивањето на протестите. Така, овие жолти флуоросцентни елеци станаа знак за препознавање и служат како своевиден бренд. Протестот на жолтите елеци стана препознатлив во светот, а демонстрантите добија име.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот