Во светот, по повод Меѓународниот празник на трудот - 1 Мај, се организираа протести и маршови, а во Франција и во Грција дошло до конфликт со полицијата.
Стотина демонстранти во Париз биле дел од првомајските протести. Луѓето ги искористија протестите за да се спротивстават на економската политика што ја води претседателот на земјата, Емануел Макрон.
Фото: AP
Одредени учесници ги скршиле прозорците на ресторанот за брза храна „Мекдоналдс“ на левиот брег на Сена, а имало и маскирани луѓе што фрлале петарди.
За време на протестниот марш работниците и студентите носеа антикапиталистички знамиња и транспаренти на кои, меѓу другото, пишувало „Долу влада“ и „Макрон ни даде омраза“ и слично.
Полицијата морала со водни топови и солзавец да ги растера демонстрантите, кои кршеа излози и фрлаа гасни бомби. Министерот за внатрешни работи Жерард Коломб го осуди насилството и изјави дека полицијата прави сѐ што може за да ги уапси сторителите.
На маршот во центарот на Москва се собраа околу 130.000 луѓе, а собирот на Црвениот плоштад бил организиран од страна на претставници на московскиот Сојуз на синдикати. Демонстрантите извикувале традиционални слогани како „Мир, работа, мај“, „За мир и стабилност“, „Вработете ја младината“ и „Грижете се за пензионерите“.
Во главниот град на Грција, илјадници Грци протестираа по повод Денот на трудот. Во еден момент доде до судир меѓу полицијата и анархистичките групи кои се одделиле од протестите и со камења почнаа да фрлаат по полицијата.
Во Шпанија во повеќе од 70 града беа одржани протести на кои се повикуваше на еднаквост на половите, повисоки плати и пензии.
Демонстрациите одржани во Мадрид беа најголеми, каде што илјада демонстранти викаа: „Време е за победа“.
Во главниот град на Австрија, околу 120.000 луѓе учествувале во првомајската парада што се одржа во центарот на градот, со порака од лидерот на Социјалдемократската партија на Австрија за отворено општество кое мора да ја брани својата моќ.
Во Бугарија, Социјалистичката партија организирала протестен марш по повод Меѓународниот ден на трудот и против корупцијата и сиромаштијата. Илјадници граѓани протестирале од плоштадот „Александар Невски“. Протестот почнал со интонација на бугарската химна и химната на ЕУ. Говорниците на митингот побараа оставка од владата и предвремени избори, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше: „Повисока плата - нормален живот“, „Мир, а не војна“, „Квалитетно образование е право на секој Бугарин“.
Десетици илјади работници маршираа вчера низ Германија барајќи ги своите права во светот на глобализацијата.
Во Данска, празникот бил
одбележан со традиционално обраќање на синдикалните претставници и левичарските пратеници на нивните работни места. Во Шведска и во Норвешка беа одржани говори од десничарите и левичарите, по повод 1 Мај. Шведскиот лидер на социјалдемократите, Стефан Лофвен, ги посети домовите на постарите лица, посочувајќи дека пензионерите треба да добијат повеќе.