Возачите обично не се согласуваат, особено кога има метеж во сообраќајот и сите сакаат да се вратат дома што е можно побрзо. Но, има една работа за која можат да се согласат сите возачи: дупките на патиштата треба да бидат отстранети.
Добро познатиот индиски сликар Бадал Нанџундасвами се бори против дупките на доста креативен начин - ги претвора во фантастични 3Д-слики. Уметникот им го привлече вниманието на интернет-корисниците со неговиот најнов проект - видео каде што тој се преправа дека е астронаут кој оди по Месечината. Само што не станува збор за Месечината, туку за огромна дупка на улица во Бангалор.
Неговото видео стана вирално за секунда, со над 22.000 прегледи и 2.200 коментари. Неговиот креативен проект доживеа неверојатен успех. И не само што привлече големо внимание за квалитетот на патиштата во Индија туку и предизвика локалната власт да ја поправи улицата во Бангалор.
- Ви благодарам луѓе за ваквиот одговор и поддршка - напиша уметникот на интернет. Ова докажува дека можеме да ги решиме повеќето проблеми ако имаме доволно имагинација и ако сме доволно активни.
Индија има сериозен проблем со квалитетот на патиштата. Според „Гардијан“, дупките се смртоносни: тие биле одговорни за предизвикување толку многу несреќи во 2017 година, што загинале 3.597 лица, a 25.000 биле повредени.
Се смета дека индиските возачи поседуваат „шесто сетило“ затоа што
научиле како да ги забележуваат оддалеку. Сепак, голем број од возачите што вртат за да ги избегнат дупките предизвикуваат уште поголеми несреќи.
Погледнете ги неговите креативни дела во