Пакувањето за патување е тешко, а ставањето на сите работи во еден куфер може да изгледа речиси невозможно.
За среќа, постои трик кој ќе ви помогне да избегнете да пакувате премногу или премалку работи.
Методот за пакување „5-4-3-2-1“ првпат беше популаризиран од блогерката Женева Вандерџил кога објави видео на „Тик-ток“.
Методот е едноставен и наменет за жени кои патуваат: треба да спакувате пет блузи, четири пантолони, три пара чевли, два фустани и сет додатоци.
Ако ја пресметате оригиналната формула направена од магазинот „Гламур“, пет горни, четири долни и три пара чевли, тогаш добивате 60 различни комбинации. Така, технички, овој трик би функционирал дури и ако вашето патување трае два месеца.
Во серија видеа Вандерџил со ентузијазам покажува дека методот може да се приспособи на многу начини. Комплетот додатоци може да се состои од накит, очила за сонце и капа, а се разбира, распоредот може да се приспособи во зависност од локацијата, пригодата и временските услови.
На пример, ако одите на плажа, ќе треба да додадете костим за капење, а ако одите некаде каде што е студено, наместо два фустани, можеби ќе се одлучите за две јакни.
Важно е облеката да може да се усогласи.
Извор:
b92.net
Фото: Freepik