X
 02.07.2020 Живот

Патување со балон од Алјаска до работ на вселената

Стартап-компанијата „Вселенска перспектива“ (Space Perspective), со седиште во Флорида, САД, сака да употреби напреден балон за да превезува туристи од површината на Алјаска до највисоките слоеви на атмосферата на нашата планета.

Компанијата планира да го користи Пацифичкиот вселенски комплекс во Кодијак, кој би ѝ послужил како едно од местата за лансирање на леталото наречено вселенски брод „Нептун“.

Со балонот, голем колку фудбалски стадион, ќе управува авиоекипаж и во него ќе има осум патници.

Секој патник би требало да плати околу 125 илјади долари за 6-часовно патување.

Извршниот директор на „Аероспејс корпорејшн“ од Алјаска, Марк Лестер, истакна дека возењето со балони ќе биде достапно од Кодијак за неколку години и дека ќе го поддржи туризмот на Алјаска.

Извор и насловна фотографија: Nezavisne Novine
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот