X
 07.01.2016 Наука

Што е хидрогенска бомба? Најстрашното оружје создадено од човекот

Термонуклеарната или хидрогенска бомба, каква што Северна Кореја тврди дека тестирала вчера, била направена по употребата на нуклеарната бомба во Јапонија за време на Втората светска војна и е многу пострашна од неа.


Првата хидрогенска бомба била тестирана во 1952 година од страна на американците. Таа создавала енергија еднаква на 10 мегатони ТНТ, односно 1.000 пати поголема од атомската бомба фрлена на Хирошима. Во оваа бомба биле фузирани два изотопи од водород во хелиум со што се ослободува огромна енергија.

Година откако русите и американците тестирале хидрогенски бомби започнала и трката за наоружување со супербомби. Нуклеарните бомби досега биле искористени само два пати во војна, двата пати од страна на Америка врз Јапонија.

Хидрогенската бомба никогаш не била употребена во некоја војна. Најсилната хидрогенска бомба која била детонирана била советската „царска бомба“ која во 1961 година ослободила енергија во вредност од 50 мегатони ТНТ. Чадот од експлозијата достигнал висина од 64 километри.

Северна Кореја објавила дека вчера спровела успешно тестирање на хидрогенска бомба. Веста за тестирањето била објавена часови откако сеизмолошките агенции детектирале земјотрес од 5,1 степени во земјата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука