Силната бура го потопи Сан Диего, Калифорнија оваа недела, а во поплавите се погодени и други места во истата област. Меѓутоа ова не го спречи Кенет Баресе, професор по математика на Универзитетот во Калифорнија, да го одржи своето предавање за вектори и 3D вектори.
На Reddit се појави видео на кое може да се види како сконцетрираниот професор предава по мокри чорапи, а неколкуте храбри студенти кои се појавиле на факултет и покрај лошото невреме, поради одлучноста на својот професор, морале до крај да го слушнат неговото предавање.
Видеото предизвика лавина коментари - некои од луѓето го критикуваат, а други го фалат професорот.
„Работам во водовод и можам со сигурност да кажам дека водата во која овој професор гази има и фекалии. Не мислите веројатно дека одводите на улиците се запечатени? Мислам дека ова што го направи и не е баш најпаметно“, пишува еден корисник на Reddit.
„И јас предавам на факултет и нема шанси да го направам ова. Би останал дома и би играл Xbox, за сигурноста на студентите, секако“, вели друг корисник.
„Пофалби за професорот. Да се предаваат вектори е доволно тешко и кога не ви се мокри чорапите, а камоли вака. Јас едвај гледам телевизија со мокри чорапи“, се пошегува трет корисник на оваа социјална мрежа.