X
 16.01.2016 Култура

Актерите, филмовите и режисерите кои неочекувано останаа без номинација за Оскар

Академијата на филмската уметност во четвртокот ги објави номинациите за 88-то доделување на најпрестижните филмски награди - Оскарите.

 

филмови


Најголем број номинации (поточно 12) доби „The Revenant“, филм направен под режисерската палка на Алехандро Ињариту. Филмот „Mad Max: Fury Road“ на Џорџ Милер доби 10 номинации, а „The Martian“, 7.

Додека обожавателите на „The Revenant“ и „Mad Max“ се доста задоволни со овој број на номинации, значителен број на филмови останаа без признанија, кои според мислењето на многумина, ги заслужиле. Од „Star Wars“ до „Beasts of no nation“, ова се филмовите, актерите и режисерите кои останаа без очекуваните номинации.

1. Ридли Скот

 

1


Иако „The Martian“ е номиниран во категоријата за најдобар филм, актер и сценарио, сепак режисерот Ридли Скот неочекувано останал без номинација за најдобар режисер.

2. Игнорирање на филмот „Beasts of no nation“

 

2


Првиот оригинален филм на стриминг платформата „Netflix“ е заобиколен во сите категории. Ова беше прилично неочекуван потег, особено кога ќе се земе во предвид тоа што филмот беше номиниран во повеќе категории за Златен глобус.

3. Квентин Тарантино и „The Hateful eight“

 

3


Џенифер Џејсон Ли заслужено се најде меѓу номинираните за најдобра актерка во споредна улога, но освен оваа номинација, филмот на Тарантино не влезе во конкуренција во ниту една од поважните категории.

4. Документарецот за скиентологија

 

4


Еден од најпровокативните документарци за 2015 година за кој сите зборуваа, „Going Clear: Scientology and the Prison of Belief“, е изоставен од категориите за најдобар документарен филм. Оваа неочекувана одлука би можела да има врска со фактот што претставници на Скиентолошката црква имаат големо влијание врз Холивуд.

5. Стив Карел и „The big short“

 

5


Стив Карел повторно брилијантно изглуми во новиот филм „The big short“, но во силната конкуренција тоа не му  беше доволно за да осигура номинација.

6. „Carol“

 

6


Голем број критичари ширум светот го избраа токму „Carol“ како најдобар филм за 2015 година. Академијата очигледно имала различно мислење бидејќи не го смести меѓу кандидатите во таа категорија.

7. „Star Wars: The force awakens“

 

7


Иако новиот дел на „Star Wars“ во кината се појави кон крајот на минатата година, беше еден од најисплатливите филмови на сите времиња, па логично беше да се појави во некоја од поважните категории. Филмот на крајот собра неколку номинации во техничките категории.

8. Занемарени актери од афро-американско потекло

 

8


Една од најголемите замерки за Академијата и оваа година е повторното занемарување на различноста во расите. Некои од најдобрите актери и режисери како Вил Смит („Concussion“), Идрис Елба („Beasts of no nation“) и Рајан Куглер (режисер на филмот „Creed“) не добија никакво признание за нивната работа, а успешниот филм „Straight outta compton“ доби номинација само во категоријата за најдобро сценарио.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура