X
 18.01.2016 Живот

Колку точно вреди да се биде мајка и домаќинка?

Доколку една мајка одлучи да работи и да вработи дадилка и домашна помошничка наместо да се грижи за домаќинството, тоа би ја чинело илјадници евра годишно. Еден татко и сопруг од САД одлучил да пресмета колку вреди работата на неговата сопруга во рамките на домот.


„Размислував, но никако не можев да си дозволам дадилка и домашна помошничка... Мојата жена е принудена да ја остави својата работа и потполно да се посвети на домот и детето. Го храни и му менува пелени, го теши кога плаче и го смирува секоја ноќ, но тоа е само почеток. Да, таа е мајка и природно е да се грижи за своето дете, но размислете колку пари мора да дадат за тоа мајките кои мора да работат“, пишува Стивен.

Стивен пресметал колку би чинело сето тоа што го работи неговата сопруга на годишно ниво. Пресметките се соодветни на американскиот стандард.

Просечна заработка на една дадилка - 705 долари неделно, односно 36.660 долари годишно.

Чистење на домот - 50-100 долари секое чистење, односно 5.200 долари годишно.

Кој би купувал намирници - 65 долари секој пат, односно 13.520 долари годишно.

Готвач - 240 долари неделно, односно 12.480 долари годишно.

Финансиски помошник (располагање со буџетот, плаќање сметки) - 15 долари на час, 3.900 долари годишно.

Организација на собири (семејни ручеци итн) - 75 долари по час, 900 долари годишно.

Перење алишта - 25 долари неделно, 1.300 долари годишно.

Вкупната сума за една година изнесува 73.960 долари.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот