X
 31.07.2019 Живот

Сузана Мицева е неуморна новинарка, мајка на три деца, поетеса

Новинарството не е само професија. Станува збор за начин на живот, прашање на идентитет, би рекла. Како мала, живеев во големо семејство од десетина души. Тоа беше заедница во која сите бевме сплотени, комунициравме, споделувавме информации и моравме да бидеме тим за да се организираме и никој никому да не му го нарушува мирот и редот. Во таков амбиент многу се разговараше, се кажуваа приказни, легенди и случки кои беа чист фолклор – споделува струмичанката Сузана Мицева, новинарка и уредничка на регионалната телевизија „ТВ Вис“.
Таа плени со својата сестрана личност. Сузана е еден од првите новинари што ги сослушуваа горките приказни од терен за време на бегалската, мигрантска криза. Сузана е мајка на три дечиња - Јанко (12), Магдалена (11) и Кирил (5).

Прочитајте повеќе на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот