X
 04.06.2026 Живот

Зошто Ким Џонг-ун никогаш не зборува за својата мајка?

Меѓу многуте тајни што го опкружуваат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, приказната за неговата мајка е меѓу најголемите. Ким никогаш јавно не ја споменал по име во 15. години откако е на власт.

Наследната диктатура се потпира на крвната линија „планината Паекту“. Таа е именувана по највисоката планина на Корејскиот Полуостров и митолошкото место на раѓање на корејскиот народ. На таа локација, основачот Ким Ил-сунг организирал герилски борци против јапонските колонизатори.

Две претходни „мајки“ на оваа крвна линија - Канг Пан-сок, мајка на основачот Ким Ил-сунг, и Ким Џонг-сук, мајка на Ким Џонг-ил, биле почитувани како „мајки на Кореја“. За разлика од нив, Ко Јонг-хи е речиси непозната фигура и во земјата не е именувано ништо по неа.

Причината може да биде нејзиното „контроверзно“ потекло и статусот на љубовница, што, според аналитичарите, би можело да го загрози режимот.

Ко Јонг-хи и нејзиното потекло

Според биографите, Ко е родена во Осака, Јапонија, во 1952 година. Нејзините родители потекнувале од островот Чеџу во денешна Јужна Кореја, која тогаш била непријателска територија. Како жители на Јапонија, семејството на Ко биле имигранти од времето на јапонската колонијална власт (1910–1945). Враќањето на Корејците на север првично било дочекано со мешани реакции, од завист до сомнеж.

Тие биле етикетирани и како „џаепо“, навредлив термин за луѓе поврзани со „опасни“ странски влијанија. Властите ги подложуваат на строг надзор и често им го ограничуваат пристапот до универзитети и добри работни места.



Северна Кореја е длабоко хиерархиско општество, кое некои аналитичари го споредуваат со каста-систем. Тоа е и систем на „колективна вина“, каде што граѓаните можат да бидат казнети за постапките на нивните роднини.

Кога била тинејџерка, нејзиното семејство се преселило во Северна Кореја. Тие биле меѓу околу 93.000 Корејци што се преселиле од Јапонија во комунистичката држава меѓу 1959 и 1984 година, во рамките на кампањата „Раj на земјата“. Но, за разлика од многу други, Ко избегнала тежок живот и сиромаштија. Причината е тоа што му го привлекла вниманието на тогашниот лидер Ким Џонг-ил. Иако тој бил формално оженет, неговата врска со Ко никогаш не била официјално признаена.

Таа била дел од елитна уметничка трупа и, според сведоштва, го привлекла со својата природна убавина и танцувачки вештини.

„Живот како Пепелашка“


Иако никогаш не станала официјална сопруга, Ко живеела, според некои описи, живот како Пепелашка. Ким Џонг-ил имал официјална сопруга, Ким Јанг-сук, од политички договорен брак. Ко и нејзините деца живееле оддалечени од престолнината, во Вонсан.

Некои аналитичари сметаат дека Ким Џонг-ун се сметал за „вонбрачно дете“, што во строгата идеологија на режимот е чувствително прашање. Во Северна Кореја постои голема стигма кон вонбрачното потекло.

Многу истражувачи веруваат дека Ко активно влијаела врз изборот на наследник. Нејзини блиски луѓе наводно верувале дека Ким Џонг-ун мора да стане следниот лидер. Другите синови на Ким Џонг-ил биле дисквалификувани од различни причини, според извештаи на истражувачи и поранешни дипломати. Ким Џонг-ун на крај бил избран како најсоодветен наследник.

Ко Јонг-хи починала од рак на дојка во Франција, но севернокорејските медиуми никогаш не ја објавиле нејзината смрт. Отвореното зборување за нејзиното потекло би можело да постави незгодни прашања за легитимитетот на режимот, па затоа, според аналитичарите, приказната за мајката на Ким Џонг-ун останува една од најчуваните тајни на Северна Кореја.

Извор: BВС
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот