X
 20.01.2016 Наука

Првпат во деценијата - 5 планети видливи со голо око

За првпат во повеќе од една деценија, Меркур, Марс, Венера, Сатурн и Јупитер - 5-те планети доволно светли за да се видат со голо око - ќе бидат видливи на небото.


Почнувајќи од 20 јануари, сите 5 планети ќе бидат видливи пред изгрејсонцето. Планетите ќе може да се видат до 20 февруари. Ова е првпат како 5-те планети се видливи со голо око од јануари 2005 година.

Меркур ќе биде најдолу до хоризонтот и ќе биде најмалку видлива во северната хемисфера. Потоа, од лево кон десно ќе се гледаат Венера, Сатурн, Марс и Јупитер, во линија соодветна на патот на сонцето за време на денот.

Веројатно најпрво ќе ја забележите Венера бидејќи е најсветла (единствените посветли тела на небото се сонцето и месечината).

Планетите ќе бидат распоредени на голем дел од небото, па за да ги видите ќе треба да сте на високо или на место кадешто нема високи дрвја или згради.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука