X
 21.01.2021 Наука

Вселената и небото: Највозбудливите моменти што нѐ чекаат оваа година

Ако сте страстен обожавател на ноќно небо и истражување на вселената, започнете со планирање сега, бидејќи 2021 година ќе биде полна со возбудливи и прекрасни астрономски настани во кои сите ќе можеме да уживаме.

Можете да очекувате срамежливи планети, соседни галаксии, целосно затемнување на Месечината, огнени прстени, метеорски дождови, како и две различни мисии за слетување на Марс.

Дури и ќе биде лансиран нов вселенски телескоп - што ќе ни овозможи да го видиме универзумот како никогаш порано.

Од исклучителни еднократни настани до стари добри и омилени повеќегодишни растенија, еве што можеме да очекуваме.

1. Запознајте го Меркур

Aко никогаш не сте го виделе Меркур - најмалата планета во нашиот Сончев систем и најблиску до Сонцето - ќе имате најголеми шанси да го сторите тоа на 24 јануари.

Меркур ќе биде видлив на западниот хоризонт за оние со добар вид, но двогледот може да ви биде од голема помош.

На Меркур му се потребни 88 дена да го заобиколи Сонцето, а поголемиот дел од тоа време не можеме да го видиме затоа што е или скриен или е покриен со најсилната осветленост на нашите ѕвезди.

Но, кон крајот на јануари, планетата ќе биде во полуфаза наречена дихотомија и само 50 отсто осветлена од Сонцето.

И затоа е вашата најдобра шанса да го видите оваа година!

2. Далечно зимско небо на Северната хемисфера

Зимата носи најдолги ноќи, што за астрономите значи повеќе време за уживање во набљудувањето на ѕвездите, дури и кога е студено.

Изберете мрачна ноќ, идеално 11 февруари, кога ќе можете да видите објекти на далечното небо, како што се Плејадите.

Познат и како „Седумте сестри“, ова прекрасно ѕвездено јато е толку светло што може да го видите дури и од урбани области, под услов да знаете каде да ги барате - и затоа насочете го погледот на југ, веднаш по зајдисонцето.

Можете и да се обидете да ја најдете галаксијата Андромеда, најблиската голема галаксија до нашиот Млечен пат, оддалечена само 2,5 милиони светлосни години.

4. Орион

orion
Фото: Instagram

Ако неодамна почнавте да се запознавате со астрономијата или сакате да научите да препознавате само едно соѕвездите, зошто да не се одлучите за нешто посебно и видливо од двете хемисфери?

Орион е леен за препознавање и во зима - на југозападното небо ако сте на Северната хемисфера или на североисточното небо ако сте на Јужната хемисфера.

Овие препознатливи соѕвездија имаат и појас составен од три светли ѕвезди.

4. Слетување на Марс


Оваа година, со малку среќа, ќе бидеме сведоци на не една, туку две мисии на слетување на Марс. На 18 февруари, НАСА планира да го спушти својот ровер „Персевиренс“ заедно со хеликоптерот „Инџенуити“ на Црвената планета.

Мобилната научна лабораторија е опремена со низа камери за снимање на деликатното слетување и е способна да ја проучува почвата на Марс.

Тие ќе бараат знаци на минати или сегашни форми на живот и ќе испробаат нова технологија за идните мисии со екипаж.

И во април, ќе му се придружи кинескиот „Тјанвен-1“, летало за слетување и ровер - чија мисија е да најде џебови вода под површината и да ги постави темелите за потенцијална мисија на испраќање на примероци назад на Земјата.

Кинеската национална вселенска управа на тој начин ќе стане втората вселенска агенција по НАСА која слета функционална мисија на Марс.

6. Метеорски дождови

Секоја година, небото ни нуди неколку метеорски дождови што се глетка што го одзема здивот.

Како што Земјата се движи по своето орбитално патување, таа поминува низ облаци од прашина оставени од разни комети и астероиди во нашиот Сончев систем. Ова е добра вест за сите нас, бидејќи како што овој отпад паѓа во нашата атмосфера, произведува преку брилијантни ленти на светлината на ноќното небо.

Најдобриот начин да уживате во природниот огномет е да почекате по полноќ, кога ноќта е на врвот и да се упатите некаде каде што има помалку загадување со светлина.

perseidi
Персеиди
Фото: Instagram

- На четврти мај, на врвот ќе биди метеорскиот дожд „Ета аквариди“, што ќе биде особено видлив бидејќи е еден од двата дождови произведени од познатата Халеева комета - вели Грег Браун, астроном од Кралската опсерваторија „Гринич“.

Вториот исклучителен метеорски дожд ќе бидат Персеидите на 11 август, но за најдоброто шоу од метеори во 2021 година ќе мора да почекаме до крајот на годината.

- „Геминидите“ на 13 декември произведуваат отпад од астероиди, а не од комети, па затоа метеорите често имаат светли бои, додека разни елементи горат во атмосферата на сличен начин како и содржината на обичниот огномет - вели Браун.

А ако сакате да бидете супер подготвени за 2022 година, тогаш не заборавајте на „Квадрантидите“, бидејќи тие ќе го достигнат врвот во првите денови од Новата година.

7. Целосно затемнување на Месечината


На 26 мај, Месечината ќе биде покриена со сенката на нашата планета. Најдоброто место за набљудување ќе бидат Хаваите, додека регионите на север и на југ ќе можат да видат само некои фази пред Месечината да исчезне на хоризонтот.

8. Годишно затемнување на Сонцето

sonce
Фото: Instagram

На 10 јуни, Месечината ќе ја фрли својата сенка на Сонцето, но ова нема да биде вообичаено затемнување. Во оваа прилика, Месечината ќе биде оддалечена само 404.300 километри од Земјата, што значи дека нејзината сенка нема да биде доволно голема за целосно да го прикрие Сонцето.

Наместо тоа, додека Месечината поминува пред ѕвездата, ќе остави видлив „огнен прстен“.

Запомнете, не смеете да гледате директно во Сонцето - направете го тоа само со соодветна заштита како што се очила за сонце.

Овој необичен феномен ќе можете да го видите од Канада, северозападен Гренланд, североисточен Сибир… и со малку среќа, од каде било во светот со помош на интернетот.

9. Планетарни „опозиции“

9
Фото: Instagram

Додека сите планети на Сончевиот систем кружат околу Сонцето, доаѓа време кога Земјата ќе биде директно помеѓу Сонцето и друга планета: астрономите го користат терминот „во опозиција“.

- Најблиските планети до Земјата се видливи со голо око, но „опозициите“ даваат најдобра можност да ги видите - вели астрономот Дара Пател од Кралската опсерваторија „Гринич“.

- Сатурн и Јупитер ќе достигнат опозиција на 2 и 20 август - вели Пател, а исто така тие ќе биде поблиску до нас отколку во која било друга точка во текот на годината.

10. Лансирање на вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“

jems
Фото: Wikipedia


Ако постои случување што најмногу ги возбудува астрономите, тоа е лансирањето на вселенскиот телексоп „Џејмс Веб“ на 31 октомври.

- По едномесечно патување за да стигне во орбитата и комплицираниот процес на расклопување, телескопот треба да го означи почетокот на новата ера на инфра-црвена астрономија - вели астрономот Ед Блумер.

Ова е доста возбудливо, бидејќи ќе им овозможи на научниците да истражуваат рани ѕвезди и галаксии, процеси на формирање на планети, галактичка еволуција и многу повеќе - додава Блумер.

Извор: BBC
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука