X
 15.10.2022 Образование

Искуства што ги доживеал секој студент по психологија

Студирањето психологија не е само период во кој се акумулира знаење, туку се добиваат и искуства. Животот на студентите по психологија го следат митови, егзистенцијални сомнежи и размислувања за иднината на работата. Еве неколку работи што ги доживува секој студент по психологија.

1. Сите почнуваат да ви бараат бесплатна терапија. 

2. Разбирате дека постојат многу повеќе гранки во психологијата отколку психотерапијата.

3. Откривате дека идејата за хипноза не постои.

4. Сфаќате дека сте имале целосно погрешна идеја за биполарноста.

5. Целосно го демистифицирате поимот за психопатија.

6. Се прашувате дали вие сте психопат.

7. Откривате дека повеќе никој не користи кауч во консултациите.

8. Почнувате да се прашувате за концептот на „ум“.

9. Почнувате да се прашувате за концептот за „човечка природа“.

10. Почнувате да се прашувате за концептот за „свест“.

11. Имате морални дилеми за експериментите на животните.

12. Размислувате да најдете идни пациенти помеѓу колегите.

13. Откривате дека и најмалите нешта може да доведат до психолошки проблеми.

14. Дознавате дека идеите на вашиот идол Фројд се застарени.

15. Сфаќате дека клиентите не знаат што работи психологот.

16. Почнувате да анализирате серии, филмови и видеоигри.

17. Забележувате дека студентите по социологија ве почитуваат.

18. Ќе доживеете криза на идентитет не знаејќи на која психолошка насока да се придружите.

19. Сфаќате дека емоционалната психологија не кажува ништо.

20. Почнувате да барате еволуциски поволни карактеристики кај своите потенцијални партнери.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование