X
 21.01.2016 Технологија

Што ако не се префрлите на Windows 10?

Компанијата „Microsoft“ ја прекинува поддршката за „Windows 7“ и „Windows 8“ на новите компјутери. Изминатиот петок, компанијата објави дека компјутерите со нови чипови мора да имаат „Windows 10“ за и понатаму да добиваат известувања за надградби на системот. Компјутерите со овој оперативен систем и понатаму ќе ја имаат поддршката од компанијата.


Се претпоставува дека овој потег најмногу ќе ги погоди фирмите кои поспоро од приватните корисници се префрлаат на новите оперативни системи.

Тери Мајерсон од „Microsoft“ изјавува дека компанијата сепак ќе продолжи да пружа поддршка за постарите оперативни системи на низа компјутери кои се темелат на постари чипови, со цел корисниците да добијат време за префрлање на новиот оперативен систем.

Какви компликации може да се појават доколку не се префрлите?

Поддршката за старите оперативни системи ќе трае до 17 јули 2017 година, а потоа компјутерите ќе добиваат известувања само за најважните безбедносни надградби. Компанијата ќе го поддржува „Windows 7“ на компјутерите со постари процесори до 2020, а „Windows 8.1“ до 2023 година.

Мајерсон изјавува дека до овие промени дошло поради компликациите за време на поддржувањето на старите технологии.

Сите корисници кои се на оперативниот систем „Windows 8.1“ може бесплатно да ја преземат верзијата „Windows 10“.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија