X
 22.01.2016 Технологија

Спремни за револуција? Revolut пристигна и во Македонија!



Британскиот сервис чија мисија е да направи револуција во финансискиот систем официјално објави дека од почетокот на годинава станува достапен и за граѓаните на Република Македонија.

Revolut е нов начин како инстантно да примате, испраќате и да трошите пари низ целиот свет без никаква банкарска провизија.

Вашата Revolut сметка можете да ја користите за да реализирате купувања секаде, низ целиот свет, во било која валута, да испраќате пари преку SMS, eMail, WhatsApp или социјалните медиуми и во целиот тој процес да заштедите бидејќи нема да имате никакви банкарски провизии . Сѐ што треба да имате е паметен телефон (Android или iPhone) и да ја симнете Revolut апликацијата од Google Play или AppStore.

Откако ќе го креирате вашиот профил, можете да трансферирате средства од вашата дебитна картичка/акаунт кон Вашиот Revolut акаунт и така добивате интернационална виртуелна сметка која можете да ја користите низ целиот свет.

Исто така, со само неколку клика може да ја нарачате Master Card Revolut картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.

Со почетокот на годинава Revolut објави дека влегува во повеќе земји од регионот, а во Скопје наскоро ќе биде отворено и официјално претставништво на компанијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија