Во средата (20.01) во салата на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на книгата ,,Речник на правни поими”. Пред полната сала промотивен говор одржа Доц. д-р Горан Илиќ Продекан за наука на Правниот факултет во Битола, и авторот Александар Георгиев – Калица.
На промоцијата беше истакнато значењето на оваа книга и потребата за нејзино издавање во насока на доближување на овие поими до граѓаните за полесно разбирање и нивна употреба во секојдневниот говор и работа. Исто така посебен акцент се стави и на терминолошкото изразување во медиумите при известување за тековни судски постапки, промени на закони и сл., и потребата на ваков речник кај новинарите како алатка која ќе им биде од голема помош при правилна употреба и толкување на одредени правни поими.
Речникот е составен од преку 2000 правни поими од сите области на правото и 280 познати латински правни изреки преведени на македонски јазик.
„Се надевам дека речникот ќе најде широка примена посебно кај правниците, компаниите, новинарите но и кај граѓаните, и ќе даде придонес кон подобрување на терминолошкото изразување и правилно толкување на правните поими.” истакна
авторот на промоцијата.
Книгата може да се добие преку онлајн нарачка на овој
ЛИНК.