Градоначалник во Јужноафриканска република одлучил да доделува стипендии на 16 ученици годинава. Единствените барања се учениците да се девојки и девици.
„За нас, доволно е да кажете благодарам за вашата грижа а вие може да продолжите да се чувате следните три години додека добиете диплома“, изјави Дуду Мазибуко, градоначалник на Утукела.
Стипендиите ќе се доделуваат секоја година, сè додека ученичката може да обезбеди доказ дека сè уште е девица. Целта на стипендиите е да се охрабрат младите девојки да се чуваат и да бидат неактивни во сексуалниот живот, фокусирајќи се на студиите наместо тоа.
Девојките ќе поминуваат низ тест за невиност, што е легален во оваа земја, на почетокот на секој семестар и стипендиите ќе им бидат укинати доколку ја изгубиле својата невиност во меѓувреме.
Многумина се обиделе да ги забранат тестовите за невиност во земјата досега, сметајќи дека ја нарушуваат приватноста, но постои голема маса луѓе кои веруваат во зачувување на традицијата и сметаат дека
ученичките треба да бидат информирани за полово преносливите болести, иако не е јасно како проверката за невиност ги информира ученичките за болестите.