Повеќе од 1000 години пред првите телескопи, вавилонските астрономи го следеле движењето на планетите на небото со едноставна аритметика. Но, нов преведен текст открива дека овие древни генијалци користеле и понапреден метод кој го предвидува развивањето на калкулусот 1.000 години подоцна.
Познато е дека Вавилонците биле вешти во математиката и астрономијата, а своето знаење го чувале на стотици табли. Но, астроархеологот Метју Осендривер од универзитетот „Humboldt“ во Берлин превел текст за Јупитер со кој открил нешто неверојатно.
Имено, за да го следат движењето на планетата на небото, Вавилонците користеле геометриска техника - таканаречената трапезоидна процедура - која е развиена во модерниот калкулус. Досега се веруваше дека методот бил развиен во средновековна Европа.
„Ова покажува колку развиена била оваа древна култура“, изјави Осендривер. Текстот е дел од колекција од
илјадници табли најдени во Ирак за време на 19-от век.