X
 20.08.2017 Наука

Археолозите пронашле три скриени египетски гробници стари 2000 години

Никој не правел гробници како Египќаните, а археолозите откриле три нови во североисточен Египет, постари од 2.000 години.

фото извор: AFP

Откритието ќе им обезбеди на експертите пронаоѓање на нови артефакти, вклучително и коски, глинени фрагменти и неколку саркофази од различна големи. Со сето тоа, ќе може да се анализира како луѓето во тој период живееле и умирале.

Анализите спроведени на глинените фрагменти покажуваат датуми на закопување на период кој се протега на неколку века, помеѓу 525 и 404 година п.н.е. и 332 година п.н.е. до 395 година. Со тоа се заклучува дека тој регион бил гробница многу долг временски период.

Ископувања се вршат во регионот на Ал-Камин Ал-Сахрави, во близина на градот Самалут, уште од 2015 година. Каиро се наоѓа на околу 200 километри на север. Новите гробници не се како оние 20 кои биле до сега пронајдени во регионот, кои го имале истиот стил на катакомби како оние во периодот на 27-та Династија.

Новите гробници имаат нормалн погребни шахти на 90 степени од остатокот од гробот, со простор за саркофази и гробни дупки. До сега биле откриени 6 саркофази, дрвен ковчег и 15 гробни дупки.

Античките Египќани се познати по своите камени ковчези или саркофази, често гравирани со човечки карактеристики за претставување на мртвото лице кое е внатре мумифицирано. Мумифицирањето претставувало пат кон задгробниот живот.

Пронајдените коски од трите гробници изгледа дека се од маж, жена и деца на различна возраст, со што се претпоставува дека се работи за големи јавни гробишта.

Со ова откритие се потврдува грижата и начинот на кој античките Египќани ги погребале мртвите. Ископувањата на археолозите во тој регион продолжуваат, па се очекува во скоро време да се пронајдат уште докази за тогашното погребување.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука