X
 09.05.2019 Забава

Ова е најскапиот ресорт на светот

Најскапиот ресорт на светот се наоѓа на приватниот остров Банва, кој е сместен во Палаванскиот архипелаг на Филипините. Доколку сакате да преноќите во овој ресорт, ќе треба да издвоите дури 100.000 долари за една ноќ.

И како износот за спиење во ова луксузно одморалиште да не е доволен, па гостинот мора да резервира минимум три ноќевања и така минималниот износ кој треба да се плати е неверојатни 300.000 долари.


Фото: Jutarnji

Освен тоа, до островот може да се стигне само со авион.

Ова луксузно одморалиште има капацитет за 48 посетители, кои на располагање имаат шест вили со базен и џакузи. Покрај тоа, има и фитнес-сала, студио за масажа, пилатес-студио, игралиште за тенис, патека за трчање и фудбалско игралиште.


Фото: Jutarnji

Поголемиот дел од храната што им се нуди на гостите е одгледана на еколошка фарма на самиот остров. Посетителите можат, ако сакаат, и да учествуваат во подготовката на храната, а при доаѓањето можат да добијат и совет од нутриционист за да можат во текот на престојот да уживаат во урамнотежена исхрана.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава