X
 01.02.2016 Технологија

Победниците од предизвикот за дизајн на Илон Маск

Победничкиот дизајн може да ги пренесува луѓето со брзина од над 1.000 километри на час.


Студенти по инженерство на Технолошкиот институт во Масачусетс победиле на натпревар за дизајнирање на систем за превозот наречен „Hyperloop“, со кој би се овозможило патување со големи брзини преку вакуумски цевки.

Тимот од Бостон победил 160 други тимови од 16 земји во првиот натпревар за дизајн на компанијата „Space X“, кој бил одржан во Тексас викендов, пренесува „Associated press“.

Футуристичниот систем за транспорт е изум на основачот на „Tesla motors“, Илон Маск. Со новата технологија ќе се овозможи патување со брзини над 1.000 километри на час користејќи сончева енергија.

Второто место на натпреварот освои тим од универзитет од Холандија, додека на трето место се најдоа студенти од Висконсин.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија