Основачот на компаниите „Тесла“ и „Спејс-екс“, Илон Маск, планира да отвори сопствена образовна установа во Остин, Тексас.
Милијардерот издвоил 100 милиони долари за организација преку која ќе го отвори училиштето. На почетокот ќе бидат примени 50 ученици, но бројот ќе се зголемува со текот на времето.
Институцијата прво ќе претставува основно и средно училиште и ќе се фокусира на предмети како наука, технологија, инженерство и математика. Подоцна треба да почне да нуди и курсеви за високо образование, односно да стане универзитет.
Институцијата ќе се финансира со школарини и донации, иако учењето ќе биде бесплатно за повеќето од учениците и студентите. Ќе се примаат ученици и студенти врз основа на нивното знаење.
Илон Маск и претходно ја споменал идејата за отворање нов универзитет. Во 2021 година тој рече дека размислува за тоа.
Извор:
Erudera
Насловна фотографија:
Wikipedia