X
 30.11.2017 Технологија

Нова теорија: Илон Маск е вистинскиот творец на биткоинот?!


Илон Маск
(Фото: AFP)


Дали навистина е можно зад највредната виртуелна валута на денешницата да стои основачот на „Тесла“? Теориите на заговор опстојуваат отсекогаш, но во овој случај станува збор за една многу интересна и супер интригантна теорија.

Само еден ден по објавата дека биткоинот проби уште една волшебна граница, овој пат од 9.000 американски долари, се појави теорија за тоа кој е всушност вистинскиот лик што стои зад појавата на биткоинот. Ако уште пред три години за „татко“ на биткоинот беше прогласен Сатоши Накамото, никогаш не се дозна, ниту се установи кој е всушност Накамото, дали постои, дали се работи за вистинска личност, алиас, поединец или групација...

Тогаш, кога „вистината“ излезе во етерот, главно престанаа шпекулациите околу тоа кој го создаде биткоинот, но сега се огласи Сахил Гупта, софтверски инженер во „Спејс икс“, компанија која е во сопственост на Маск. Гупта тврди дека, ни помалку ни повеќе, токму Илон Маск го создал биткоинот!

Иако нема докази за тоа, Гупта наведува неколку причини поради кои е убеден дека Маск е човекот кој, со сите свои други иновации, се крие и зад највредната виртуелна валута на денешницата.

Прво, кога во 2008 година се појави биткоинот сите се согласиле дека е создаден од поединец или група што поседува големо знаење поврзано со економија и криптографија. Илон Маск ги има и двете.

Второ, биткоинот е напишан во програмски јазик Ц++. Маск – го знае тој јазик.

Гупта извлече и „твит“ кој Маск го објавил кога наводно било откриено дека Сатоши Накамото го создал биткоинот. Но најинтересниот „аргумент“ што го понуди Гупта се крие токму во името Satoshi Nakamoto, кое се разбира дека е псевдоним, но истовремено и анаграм од реченицата: „So a man took a shit?“ што е особена карактеристика на Масковото поимање на хуморот, уверен е Гупта.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија