X
 01.02.2016 Здравје

Зошто жените се`уште се срамат од ова?

циклус

 

Секогаш кога е тоа време од месецот, јас влегувам во тајна операција.


Внимателно ја полнам мојата чанта со неопходниот материјал за никој да не забележи што се случува. Ако некогаш треба да го извлечам тампонот од чантата за да ја посетам бањата, внимателно и скришум го ставам во џебот за никој од колегите да не забележи зошто одам во wc.

Мојот сопруг обично знае што се случува благодарение на моето променливо расположение и секако, одбивањето да се случува некаква акција во креветот. Неодамна бевме на една свирка, токму вој тој период од месецот - во мојата чанта не собираше буквално ништо од сета залиха која ја носев со мене, па мојот балсам за усни и мојата лична карта морав да му ги дадам него.


Себеси се идентификувам како феминист. За мене не е проблем на глас да викам за еднаква плата и крај на насилството врз жените, меѓутоа во следниот момент јас срамежливо ги кријам доказите за нешто што ме прави жена.

Жените и девојките не треба да се срамат од нивниот месечен циклус.

И се чини дека не сум сама во овој став. Д-р Лорен Розварн од Универзитетот во Мелбурн вели дека жените го кријат нивниот месечен циклус уште од одамна.

„Во примитивно време, месечниот циклус не беше сфатен и во некои контексти беше поврзано со натприродното, такашто жените имале добра причина да го кријат“, вели таа.

„Во модерното општество, нашите предрасуди со хигиената ги присилуваат жените да бидат дискретни“, додава таа.

Меѓутоа, на ова време му доаѓа крајот.

Блогерката Константин Хол, на нејзините 315.000 фанови на Фејсбук им постира за нејзиниот циклус и за тоа како таа морала да му се извинува на нејзиниот сопруг поради нејзиното лошо расположение токму поради циклусот. Постот доби повеќе од 23.000 лајкови и 2.000 споделувања.

Woooohoooo I got my period today. ☺️ So now I have to do my monthly apologies for my behaviour in the 2 days leading...

Posted by Constance Hall on Sunday, 10 January 2016


Дали ова значи дека сите ние треба да свртиме нов лист и да започнеме да зборуваме на социјалните мрежи за нашиот ПМС и за хигиенските проблеми со кои се соочуваме додека имаме месечен циклус?

„Би сакала луѓето да не се чувствуваат засрамени. Не сум баш за тоа жените да пишуваат блогови или да проповедаат за нивниот месечен циклус, меѓутоа би сакала една жена да се чувствува доволно удобно да може да дискутира доколку е важно или доколку таа чувствува потреба“, вели Розварн.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје