Иновативен сад за хранење новороденчиња и предвремено родени бебиња би можел да спаси милиони животи ширум светот. Овој изум е резултат на соработка на талент од Сиетл и непрофитна фирма од Норвешка која се специјализира во технологии за глобално здравје.
Со овој изум, милиони новороденчиња може да имаат подобар живот, но поголеми шанси за преживување во случај на предвремено раѓање и слично.
Таканаречената чаша „NIFTY“, им овозможува на мајките да го стават мајчиното млеко во сад, од кој новороденчињата може да пијат со контролирана брзина. Елементите во садот се од клучна помош за новороденчињата со деформирани непца и за предвреме родени бебиња без сила за дишење, хранење и голтање истовремено. Чашата може и подобро да се чисти и со неа не може да се истури млекото.
Главните луѓе кои работеле на дизајнот се д-р Мајкл Канингем, директор на детска болница во Сиетл, д-р Кристи Меккини, епидемиолог на Факултетот за стоматологија при Универзитетот во Вашингтон и Патриша Кофи, експерт за постнатални здравствени технологии од Сиетл.
Чашата која ја создале ќе чини 1 долар и ќе доаѓа со четири
производи за нега и две програми за промовирање на доењето. Сите овие производи ќе стигнат до мајките во Африка до крајот на годинава. Чашите веќе успешно се користат во Индија.