X
 11.02.2016 Технологија

Напреден егзоскелет им овозможува на парализираните да одат

Американската компанија „Suit X“ го претстави најлесниот и најнапреден егзоскелет кој им овозможува на парализираните лица и оние кои имаат проблеми со одењето да стојат исправено и да се движат.


Имено, некогашниот тим експерти од Лабораторијата за роботика и човечко инженерство на универзитетот „Беркли“, кои работат во компанијата „Suit X“, го претставија моделот на суперлесниот, модуларен егзоскелет „Феникс“ со тежина од само 12,25 килограми.

На надворешниот костур се прицврстени два електрични мотори со кои се овозможува стоењето на личноста, како и движењето. Корисниците може да ги контролираат движењата со команди во самиот скелет. Тој може да се прилагоди за луѓе со различна висина, па дури и за оние кои им треба помош само за едно колено, на пример.


Тимот кој го создал егзоскелетот вели дека личноста која го носи истиот ќе може да се движи со брзина до 1,7 километри на час, најмногу четири часа без пауза, а осум часови со пауза. Лошата страна на егзоскелетот е фактот дека батеријата се носи во ранец на грбот, но тоа изгледа неважно кога ќе се види цената на производот - 40.000 американски долари.

Тимот порачува дека „не можат да ги излечат нивните повреди или болести, но ова барем ќе ги одложи секундарните повреди кои се јавуваат како последица од долготрајното седење. Им овозможуваме подобар квалитет на животот.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија