X
 25.11.2022 Наука

ЕСА го одбра првиот кандидат за астронаут со физичка попреченост

Џон Мекфал е специјализант по ортопедска хирургија во Англија. Овој 41-годишен доктор во своето слободно време сака да трча и да вози велосипед на планина. Сега Мекфал стана првиот кандидат за астронаут со физички хендикеп во историјата, одбран од Европската вселенска агенција (EСA).

- Секогаш сум имал голем интерес за науката, генерално, а вселенското истражување отсекогаш ми било интересно - изјавил Мекфал.

Тој имал сообраќајна несреќа на 19-годишна возраст и му била ампутирана десната нога. Несреќата не го спречила Мекфал да научи повторно да оди, па дури и да трча. Тој учествувал и на Параолимписките игри.


Фото: ESA

Тој е одбран во рамките на проект на Европската вселенска агенција за вклучување индивидуалци кои се квалификувани да станат астронаути, но имаат физички хендикеп поради кој обично не би биле примени.

- Науката е за секого. Вселенското патување, се надевам, исто така може да биде за секого - изјавил Мекфал.

Во средата Европската вселенска агенција одбра 17 нови кандидати за астронаути, од кои речиси половина се жени.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: ESA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука