Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла долж Повардарието. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста и продор на влажен бран од запад кој ќе донесе врнежи од дожд на територијата на цела Македонија во попладневните и во вечерните часови. Пообилни врнежи се очекуваат во западните и северозападните предели каде локално се очекува да наврнат и до 30-35 литри дожд. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -3 до 5 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.
Во Скопје во петок во утринските часови ќе има појава на магла која попладне постепено ќе се намалува и со услови за повремени сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 2 степени, а максималната дневна до 12 степени.
Во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне продор на нов влажен бран од Медитеранот и нови врнежи од дожд. Максималните температури од 7 до 17 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престанат. Дневните температури во пораст и ќе се движат од 9 до 19 степени. Порастот на максималните температири ќе продолжи и во понеделник и вторник кога се очекува стабилизација на времето и надпросечно високи температури за овој период од годината. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и температури од 11 до 20 степени, а во вторник претежно сончево со локална облачност и невообичаени високи дневни температури од 13 до 22 степени.
Weather4all.com.mk