X
 15.12.2023 Економија

Професии што ќе бидат најбарани во Италија следните години

Италија се соочува со недостиг на работна сила во повеќе сектори, па затоа земјата бара странски работници кои ќе ги пополнат празните места.

Според процените на европската агенција за труд ЕЛА, повеќето слободни места се во областа на здравството, социјалните услуги, науката и технологијата, инженерството, градежништво и угостителство.

Се проценува дека помеѓу 2023 и 2027 за околу 34 отсто од професиите што ќе се бараат ќе биде потребно високо образование, а за 48 отсто средно стручно образование. Во овој период се очекува дека ќе има најголема потреба за следните 10 професии.

1. Доктори
2. Медицински персонал
3. Физиотерапевти
4. Професионалци во областа на здравството и социјалните услуги
5. Специјалисти во областа на математиката и компјутерските науки
6. Информатичари
7. Инженери
8. Инженерски техничари
9. Градежни работници
10. Работници во ресторани

Од друга страна, се очекува помала потреба за банкарски и поштенски службеници.

Владата на Италија воведе промени во законот за странски работници со цел да го олесни процесот на вработување и релокација за странски работници.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија