Првата награда за Најдобар наставник во светот беше доделена на американската наставничка Ненси Атвел, која ја донирала својата парична награда од 1 милион долари за отворање училиште во Мејн. Победникот на овогодинешниот натпревра ќе биде објавен на 13 март.
Засега ги знаеме
десетте финалисти: Ханан Ал Хроуб (Палестина); Агила Асифи (Пакистан); Робин Чаурасија (Индија); Џо Фетери (САД); Колин Хегарти (Велика Британија); Ричард Џонсон (Австралија); Ајуб Мохамуд (Кенија); Маарит Роси (Финска); Мајкл Соскил (САД) и Казуја Таканаши (Јапонија).
Ви ги носиме нивните најинспиративни изреки.
„Само сакаме мир, сакаме нашите деца да уживаат во своите детства во мир“ - Ханан Ал Хроуб, Палестина.
„Ако светот сака неразвиените земји да напредуваат, нивниот главен приоритет треба да биде обезбедување квалитетно образование и за момчињата и за девојчињата“ - Агила Асифи, Пакистан.
„Онаму кадешто светот гледа изгубени цели, јас гледам револуционерни лидери“ - Робин Чаурасија, Индија.
„Верувам дека како наставници правиме разлика и има надеж за посветло утре“ - Џо Фетери, САД.
„Верувам дека сите ученици треба да имаат бесплатен пристап до најквалитетното математичко образование за да го научат овој прекрасен предмет кој ќе биде во центарот на иновациите за да ѝ се помогне на нашата планета“ - Колин Хегарти, Велика Британија.
„Подготовката на децата да бидат глобални жители е за оставањето влијание на нивниот став кон животот и светот околу нив“ - Рик Џонсон, Австралија.
„Се надевам дека одново ќе ја дефинирам просветата и ќе ја направам мотор за движење на економијата“ - Ајуб Мохамуд, Кенија.
„Математиката е моќна алатка која ни помага да го разбереме светот“ - Маарит Роси, Финска.
„Секој проблем со кој се соочува светот има решение закучено во страстите на нашите ученици“ - Мајкл Соскил, САД.
„Убеден сум дека добриот наставник е катализатор за трансформирање на културата во училиштата“ - Казуја Таканаши, Јапонија.