X
 23.12.2020 Образование

Нов бесплатен онлајн-курс за наставници од „Јејл“ за справување со стресот

Емоциите може да ни помогнат, но и да ни го попречат вниманието, да влијаат врз донесувањето одлуки, односите, здравјето и работата. Затоа, од витално значење е да знаеме да управуваме со нив, особено тоа важи за наставниците и нивните ученици, а посебно сега.

Центарот за емоционална интелигенција при Универзитетот „Јејл“ создаде 10-часовен бесплатен онлајн-курс за управување со емоциите во стресни времиња. Курсот е достапен за сите на платформата „Курсера“ и е првично наменет за наставници и професори.

Тој се фокусира на стратегии за справување со несигурност, стрес и други емоции, како и стратегии со кои може да им се помогне на учениците да ги управуваат своите емоции.

Онлајн-курсот може да го пронајдете овде.

Автор: Викторија Мастерсон
Извор: weforum.org
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование