X
 24.06.2021 Здравје

Забрзано темпо на вакцинација и предност на наставниците што работеа од дома, најави Филипче

Засега нашата проценка, според сите анализи што ги правиме состојбата во околните земји, укажува дека некој голем ризик од нов бран сега во скор временски период нема, но тоа не значи дека не треба да бидеме внимателни и будно да ја следиме состојбата. Има случаи на заразени граѓани дури и вакцинирани во некои земји, со индискиот сој, а тоа што е добро е дека во огромен процент (над 97, 98 проценти), тие случаи не бараат хоспитализација, што значи дека клиничката слика е послаба, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој најави забрзано темпо на вакцинација ширум државата во сите пунктови и дека на во наредниот период ќе бидат повикани да се вакцинираат наставните кои што работеа во домашни услови.

-Во однос на вкупниот број на наставници беа вакцинирани сите наставници кои работеа со физичко присуство, односно наставниците од прво до трето одделение. Тоа, посочи, е една третина од вкупниот број на вакцинирани наставници. На другите не дававме приоритет заради тоа што работеа во домашни услови. Сега по истиот систем на повикување, организирано ќе бидат вакцинирани други. Најприоритетна група се за да можат училиштата да почнат да работат - рече Филипче.

Како што најави претходно, в недела треба да пристигнат 500 илјади дози од вакцините „Синовак“ , а утре се очекуваат уште 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс-механизмот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје