Поради ширењето на коронавирусот, многу ученици и студенти почнаа да следат предавања преку интернет. „Гугл“ овозможи бесплатен пристап до алатките за организирање онлајн-состаноци во апликацијата „Хенгаутс Мит“.
Компанијата вчера објави уште една новост поврзана со оваа апликација која треба да го олесни користењето од страна на наставниците и професорите. Со новата промена само оној корисник што го креира состанокот, односно наставникот или професорот, ќе може да го исклучи звукот на другите учесници или да ги отстрани од состанокот, односно онлајн-предавањето.
Фото: Pixabay
Со оваа промена, наставникот или професорот не може да биде отстранет од групниот разговор и учениците не може да го исклучат неговиот звук. Освен тоа, учесниците не можат повторно да се приклучат на состанокот, односно предавањето, по напуштањето на последниот учесник. Така, учениците или студентите не може да следат предавање на кое нема наставник или професор.
Двете промени се достапни само за корисниците на
образовните пакети со алатки на „Гугл“ и ќе бидат активни следните две или три недели.
Извор:
9to5google.com