X
 26.05.2017 Образование

Непочитувањето на воспитувачите и наставниците во Швајцарија го достигна врвот


Дете на училиште со исплазен јазик


Вриштење, туркање, непослушност – сè повеќе деца се пакосни, мрзеливи и разгалени. Вината за ова ја сносат родителите.

Една детска градинка од Луцерн, едно утро ги повела децата во блиската шума за да набљудуваат полжави. Одеднаш, едно од дечињата станало и брутално го изгазило полжавот. Згрозени од чинот, другите деца почнале да плачат. Кога воспитувачката му раскажала за инцидентот на родителот, тој мирно заклучил: „Па мојот син не е мекуш“.

Родителите ги оправдуваат своите немирни и непослушни деца. Бригит Флеути, претседателка на детската установа „Детски градинки“ од Цирих, добро го познава овој феномен и тврди: „ Никогаш не било толку лошо како денес. Секогаш имало деца кои биле тешки и палави, но сега е достигнат врвот и вака веќе не оди. Жал ми е за извонредните деца кои секогаш остануваат со ’кратки ракавиʻ, затоа што сè се врти околу проблематичните“.

Одредот за јавно школство во Цирих, минатата година реагирајќи на поплаките од воспитувачите во градинките, востанови работно здржување на тема „Деца од претшколска возраст со нарушувања во однесувањето“. Како најчеста причина за лошото однесување на децата ги посочиле родителите, без оглед дали се работи за занемарување, претерано заштитнички став, претерана поддршка или претерана конзумација на медиуми.

Флеути напоменува и дека родителите денес  честопати повеќе сакаат да бидат сакани од своите деца наместо да сакаат правилно да ги воспитаат. „Воспитувањето бара работа, а границите за однесувањето не е лесно да се постават. На многу родители им е неподносливо да постават барања кон своите деца. Но, доколку сè се врти околу потребите и расположението на детето, може да се доведе во опасност неговиот социјален развој. Оној кој постојано е во центарот на вниманието, подоцна ќе биде зависен од вниманието на другите и ќе има потешкотии во односот кон нив“, вели таа.

Освен тоа, детето кое постојано од родителите слуша дека е исклучително и единствено, постои опасност да израсне во нарцис. Тоа го покажува и новата студија на Универзитетот во Амстердам.  Родителската топлина и љубов и здравата доза внимание се многу важни за развојот на детската самодоверба. Меѓутоа, претераното идентификување со детето е опасно за неговиот нормален развој.

„Денес многу родители се обидуваат да им бидат ’врсници‘ на своите деца. Порано, сфаќањето на родителството беше поинакво“ истакнува Беатриса Кроненберг, директорка на швајцарскиот центар за посебно образование. „Но, на децата им се потребни правила и граници. Тие нема сами од себе да усвојат примерно однесување“.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование