X
 24.03.2017 Интервјуа

Обука која ми овозможи вработување

Како дел од Сеавус Талент програмите, шеста година по ред, Сеавус организира обука од областа на Телекомуникациските технологии. Пријавувањето за овогодинешната обука е во тек. На обуката може да се пријават дипломирани студенти или студенти запишани во последната година од своите студии за информатички и компјутерски науки, како и за сите оние кои имаат технички познавања од оваа индустрија и сакаат да се дообучат.

Токму затоа разговаравме со Јулијана Сидоровска, тестинг инжинер во Сеавус. Јулијана ја започна својата професионална кариера во Сеавус преку талент програмата.

Како започна твојата приказна во Сеавус? Во Сеавус работам веќе 3 години. Интересот за компанијата започна уште додека бев студент на факултетот за електротехника и информацискии технологии – ФЕИТ во Скопје. Сеавус отсекогаш важеше за лидер во ИТ индустријата и беше желба на секој студент да биде дел од неа. При крајот на студиите го видов огласот за Сеавус талент програмата, обука од областа на Телекомуникациските технологии. Бев убедена дека е одлична можност да добијам експертиза која можеби ќе ми ја отвори вратата за вработување во Сеавус.

Секоја година на обуката се пријавуваат повеќе од 100 кандидати. Од нив најдобрите ја добиваат можноста за едукација, па и за вработување. Што значеше за тебе Телеком талент програмата, која всушност беше клучен момент за твоето вработување?
Талент програмата, односно обуката, претставуваше одлична можност да се добие практично знаење, бидејќи на факултет добивавме повеќе теоретско знаење. Обуката ја водеа искусни кадри на Сеавус кои имаа долгогодишно искуство во оваа област. Тоа ми овозможи да се стекнам со стручност за една од водечките платформите за наплата. Вниманието кое го добивавме од предавачите ни овозможи да ги совладаме практичните проблеми. Дополнително, за мене оваа обука беше одлична затоа што за прв пат научив како се работи во тим.

Од факултет, на работа во компанија каде веднаш почнуваш со сериозни проекти. Како се соочи со предизвикот?
Обуката многу ми помогна да видам како изгледа да работиш за една голема компанија како Сеавус. После обуката бев подготвена да започнам да работам на добар проект и да застанам пред големиот предизвик, а тоа е секогаш да успееш да ја завршиш задачата навремено и клиентот да биди задоволен со решението. Нормално на почеток беше малку тешко, но не треба да заборавам дека никогаш не бевме оставени сами на себе. Со одличната тимска работа секогаш наоѓавме решение и успешно ги совладував сите потешкотии.

Што те мотивира денес да бидеш дел од Сеавус?
После 3 год поминати во Сеавус јас градењето на мојата професионална кариера во иднина го гледам токму овде. Секој нов проект за мене преставува непрочитана книга од која на крај се учи нешто ново. А кога на ова ќе се додаде и одличниот тим тогаш ја добиваме формулата за успех. А токму тоа е она што ме мотивира мене во Сеавус- успехот. Покрај професионалните бенефити да не ги изоставам и низата други бенефити што ги нуди Сеавус, како изучувањето странски јазици, грижата за нашето здравје, спортските активности итн. Уште еден голем бенефит е и можноста за патување и запознавањето со други култури. На крај, би ги охрабрила сите студенти кои сакаат да бидат дел од ваков тим и да работат на големи проекти да се пријават на Талент програмата и да ја започнат својата кариера овде.

За да аплицирате на овогодинешната Талент програма на Сеавус кликнете на следниов линк: http://career.seavus.com/career-opportunities/choose-your-path/entry/talent-program/telecom-billing-platform-talent-program/
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Интервјуа