X
 26.02.2016 Живот

Средство кое сите треба да го имаме во нашите домови

Сигурно сте слушнале или сте го искористиле средството WD-40, кое може да користи како средство за чистење, лубрикант и анти-корозивно решение. Неговот име всушност е Water Displacement - 40th Attempt. Создавачот на производот сакал да создаде формула со која ќе спречи корозија и тоа го успеал после 40-от обид.

 

wd 40


WD-40 извршува пет основни функции: чисти, дислоцира влага, продира, подмачкува и штити. Овие функции можат да бидат проширени за употреба на различни предмети во и околу вашиот дом.

Безбедноста на WD-40

Иако генерално се смета за безбеден производ, WD-40 e базиран на нафта, па од клучно значење е да знаете дека е високо запалив. Исто така, треба да знаете дека може да бие многу штетен ако се проголта и може да создаде респираторни проблеми ако не се користи во добро проветрена просторија.

Освен тоа, може да биде штетен за децата и домашните миленици. Сепак, доколку преземете соодветни мерки на претпазливост, WD-40 е релативно безбеден за примена.

Стандардна употреба на WD-40

1. Спречува 'рѓа

Одржувањето на алатите во одлична состојба е нешто за кое треба постојано да се грижите доколку постојано ги користите. Со малку прскање на WD-40 можете да ги заштитите алатите од 'рѓосување.

2. Ги чисти алатките


Покрај заштитата од 'рѓа, WD-40 чисти се` што имате во вашата кутија за алати.

3. Чисти и ја заштитува спортската опрема

Ова средство може да се користи за отстранување на несаканата нечистотија од велосипедот, синџирот и брзините. Исто така може да се користи на чамци за заштита од корозија и влага.

4. Помага при отворање на 'рѓосана брава


Доколку имате 'рѓосан клуч или клучалка која не може да се отвори, ставете малку WD-40 и отворањето ќе биде значително полесно.

5. Подмачкува лепливи фиоки


Сите оние фиоки кои не можете да ги отворите, прснете малку од средството и фиоката магично ќе се отвори.

6. Ги поправа вратите кои крцкаат


Ништо не иритира повеќе од врата што крцка. Доколку ставите малку WD-40, крцкањето ќе исчезне.

7. Го продолжува животот на тушевите

Ова е уште една помалку позната употреба на wD-40. Тушевите имаат тенденција да се расипат со текот на времето, но со примена на WD-40 можете да го продолжите нивниот животен век.

Невообичаена употреба на WD-40

8. Отстранува мрсни боици од тапетите

Ова навистина функционира. Ако имате мало дете дома, веројатно сте се соочиле со овој проблем. Прснете WD-40 на тапетите и избришете со крпа.

9. Отстранува стара целофанска лента

Отстранувањето на целофанските ленти од секоја површина може да е доста тешко, но не и со WD-40. Прснете малку на површината, почекајте неколку минути и избришете.

10. Отстранува дамки од облека и теписи


Ако некогаш сте имале фармерки на кои имало дамка мастило, или кармин или пак дамки од домати, тогаш можете да ги отстраните со WD-40. Ќе ги отстрани дамките безбедно и ефикасно и од фармерките и од теписите.

11. Отстранува мувла од фрижидерите


Одвратната мувла која постојано се јавува во фрижидерите сега лесно можете да ја отстраните со ова средство. Ставете да поседи неколку минути и потоа избришете.

12. Ја отстранува прашината на филтерот за климатизација

Ставете тенок слој на WD-40 на вашиот AC филтер пред да го ставите, со што филтерот станува поефективен.

13. Ја чисти скарата и браниците од автомобилите


Со прскање WD-40 на скарата и предниот браник на вашиот автомобил, лесно ќе ги отстраните бубачките и другата нечистотија која се акумулирала во текот на патувањето.

14. Отстранува се` од стаклената површина

Без разлика дали е стара налепница или лента во вашиот дом, со прскање на WD-40 лесно ќе ги отстраните сите налепници.

15. Ги чисти и подмачкува жиците на гитарите

Овој продукт има широка и разновидна примена, па можете со него и да ги подмачкувате жиците на гитарата.

16. Отстранува масло од бетонот

WD-40 помага во одржување на чист изглед на патеките и асфалтот. Прснете на дамките и избришете со крпа.

17. Отплеткува накит

Ништо не е пофрустрирачки отколку отплеткувањето на накитот од кутијата за накит. Доколку сакате да отплеткате, ставете мала количина на WD-40. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот