X
 29.02.2016 Култура

Во Париз се гради населба среде шума и над автопат

На работ на Париз постои паркиралиште кое ќе биде претворено во нешто многу поубаво и покорисно. Архитектите својот проект го нарекуваат „лебдечко село среде шума“. Село во Париз?


Центарот на градот и предградието во Париз се разделени со автопат. Архитектите сакаат да ја намалат оваа граница така што прво ќе изградат парк со над 1.000 стебла над самиот автопат. Секој ќе може да помине низ овој парк за да го „прескокне“ автопатот. Тој премин ќе биде на едниот слој, а на вториот слој ќе има мали куќи и станови, како и канцеларии, градинка и ресторани.

Архитектите Манал Рахди и Соу Фуџимото се согласуваат дека на Париз му треба повеќе зелена површина, а оваа мала населба ќе биде заштитена токму со дрвја. Целата населба ќе функционира со соларна, геотермална и енергија од ветерот.





Овие архитекти неодамна победиле на натпреварот „Reinventer Paris“ со својата идеја за станбен екосостав во конкуренција со дури 815 други пријавени идеи.





Изградбата ќе започне во следните две години, а проектот би требало да биде завршен до 2022 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура