Платформата за сместување „Ербиенби“ нуди соба скриена во кабарето „Мулен руж“ во Париз. Собата е дизајнирана за да ги транспортира гостите во доцниот 19 век нудејќи поглед на она што се случува зад сцената.
Се добиваат и три оброци дневно, како и карти за настан во кабарето. Гостите ќе добијат и приватен балкон, како и автентични подароци. Сето ова може да го добиете за еден долар.
- Оваа тајна соба во познатата ветерница на кабарето беше дизајнирана за да ве однесе на автентично патување назад во времето за да ја доживеете француската престолнина на уметноста - изјавил францускиот историчар Жан-Клод Јон.
Може да се резервираат три посебни ноќевања за најмногу 2 гости на одредени датуми во јуни. Резервирањето ќе почне на 17 мај
овде.
Извор:
Luxury launches
Насловна фотографија:
Airbnb