X
 31.03.2021 Култура

Целата колекција на „Лувр“ е достапна онлајн бесплатно

Љубителите на уметноста сега може да уживаат во сите дела изложени во францускиот музеј „Лувр“ од својот дом.

Музејот штотуку претстави онлајн-платформа на која може да се види неговата колекција. Во колекцијата има над 480.000 уметнички дела, вклучувајќи ја и познатата „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи. Пристапот до онлајн-платформата е бесплатен.

- Првпат секој има бесплатен пристап до целата колекција од компјутер или телефон, без разлика дали станува збор за дело изложено во музејот, позајмено, дури и долгорочно, или е во складиште - изјавил Жан-Лук Мартинез, директор на музејот, пренесува „Скај њуз“.


Фото: Pixabay

Според него, се очекува дигиталните содржини да ги инспирираат луѓето да дојдат во музејот и да ја видат колекцијата во живо. Онлајн-платформата засега е достапна на француски, англиски, шпански и на кинески јазик. Таа може да се гледа од повеќе уреди, но најдобро е од мобилен телефон.

Во меѓувреме, „Лувр“ останува затворен за посетители поради пандемијата и планирано реновирање.

Онлајн-платформата на „Лувр“ може да ја најдете овде.

Автор: Ијан Колиер
Извор: news.sky.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура