X
 04.03.2016 Култура

Вистински љубовни приказни од "Титаник"

Сите ја знаеме приказната за љубовта меѓу Роуз и Џек од филмот „Титаник“, но таа е фиктивна. Сепак, на бродот постоела вистинска љубов која била еднакво срцепарателна. Следуваат 6 наслови на книги во кои се запишани најубавите љубовни приказни од „Титаник“ кои навистина се случиле.


„Titanic Love Stories“

Овде ќе ги најдете приказните на 13 парови кои биле на меден месец. Сите парови имаат свое поглавје со фотографии, а вклучени се нивните љубовни приказни: како се запознале и што им се случило вечерта.


„A Titanic Love Story“

Ида и Исадор Страус биле имигранти. Исадор бил сопственик на компанија, член на конгресот и филантроп, а Ида била интелигентна и вешта жена. Во филмот „Титаник“, тие последен пат се видени држејќи се за рака во собата како што се поплавени од водата. Во оваа книга се раскажува нивната приказна. Двајцата починале за време на несреќата. Ида тргнала да се качи на спасувачки брод, но се вратила бидејќи одлучила да ја сподели судбината со сопругот.


„And the Band Played On: The Titanic Violinist and the Glovemaker“

Внук на еден патник ја напишал оваа книга за неговите баба и дедо: Џок Хјум, шкотски виолинист и неговата бремена вереница, која била дома. Тој свирел на палубата додека бродот тонел.


„Lifeboat No. 8“

Книгата е за судбината на еден брод за спасување на кој била богатата грофица од Родс и нејзината слугинка. Како што гледала како бродот тоне, слугинката цврсто ја држела фотографијата на нејзината љубов, Џек Филипс, радио операторот кој останал на бродот за да го испрати СОС-сигналот. Роберта и Џек можеби биле инспирација за ликовите одиграни од Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во филмот.


„Gilded Lives, Fatal Voyage“

Во оваа книга напишана од историчар се наоѓаат приказните на богати личности кои не ја преживеале несреќата. Книгата ја опишува елеганцијата на бродот пред несреќата.


„A Night to Remember“

Во книгата се опишува како мажите, откако се збогувале со сопругите и децата, се вратиле во бродот и се подготвувале да починат како џентлмени. Се опишува и ситуацијата со полупразните бродови за спасување кои се пуштале во морето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура