Сме слушнале многу чудни факти за Северна Кореја: не е легално да се носи било која фризура, во официјалната биографија на поранешниот лидер стои дека тој можел да го контролира времето итн. Еден начин на кој Северна Кореја успеала да остане изолирана од светот е со контрола на интернетот.
Помалку од 10% од населението имаат дозвола за користење на интернет. Но, и тој интернет е поинаков. Поголемиот дел од жителите имаат интранет наместо интернет. Интранетот е затворен и сите содржини на него се од еден администратор (владата). Тој е бесплатен и достапен насекаде во земјата.
Сепак, купувањето
компјутер бара дозвола од владата и чини колку плата од три месеци. На овој интернет има од 1.000 до 5.500 интернет-страници. На „
North Korea Tech“ може да се најде листа од сите интернет-страници во Северна Кореја.
Нема социјални мрежи како „Фејсбук“ или „Твитер“, но има внатрешна социјална мрежа која е контролирана и странците не може да пристапат до неа.
Официјален пребарувач е „Naenara“, што е модифицирана верзија од „Firefox“, а значи „Мојата држава“.