X
 21.12.2023 Живот

Северна Кореја сака да биде популарна туристичка атракција

Северна Кореја во минатото топло ги пречекуваше туристите. Пред пандемијата илјадници туристи ја посетуваа Северна Кореја, а повеќето од нив беа од Кина. Но, во иднина тешко дека некој од тие туристи ќе биде Американец.

Покрај ризикот за безбедноста на Американците, американските власти се загрижени дека парите од туризмот потрошени во Северна Кореја би можеле да финансираат некои од програмите за оружје на нацијата.

Сега, по неколку неуспеси и одложувања, Северна Кореја ја продолжува изградбата на крајбрежната туристичка зона Вонсан-Калма, со надеж дека финалниот производ ќе биде сличен на Бенидорм, популарна туристичка дестинација во Шпанија со плажи, облакодери и хотели.

Оваа крајбрежна туристичка зона првично била планирана да биде завршена до средината на 2018 година, нудејќи им на туристите можност да истражуваат водни паркови, хотели и аеродром во близина на Вонсон, пристанишен град на источниот брег на Северна Кореја. Но, пандемијата ја одложи изградбата.

Ким има големи планови со кои изградбата би требало да биде завршена во 2025 година. Локалитетот може да послужи како туристичка дестинација за странските патници, најмногу оние од европските земји.

И покрај потенцијалот на проектот, забраните за патување во Северна Кореја би можеле да ги спречат заинтересираните патници да ја посетат туристичката дестинација штом ќе биде отворена.

И другите нации ги повикуваат своите граѓани да бидат претпазливи, на пример, Обединетото Кралство, кое бара жителите да избегнуваат патувања во Северна Кореја, освен ако не е потребно.

Извор: Newsweek.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот