X
 07.03.2016 Образование

Бизарните прашања за време на приемните испити на елитните индиски универзитети

Со ограничени места и доста силна конкуренција, неколку индиски колеџи и факултети открија побрз начин за пронаоѓање на најпаметните ученици - преку поставување на доста бизарни прашања.

 

индија


Голем број имаат исцрпувачки интервјуа, но некои од најпрестижните институти како што е колеџот Свети Стефан и уште неколку елитни училишта, вклучуваат прашања кои се движат од чудни до вознемирувачки.

Ова се дел од нив.

„Какво е регрутирањето и структурата на вработување на ИСИС?“

„Како би реагирале ако едно утро дознаете дека сте трудни?“

„Која е апсолутната вистина?“

„Колку климатизери има на овој колеџ?“

„Што би направиле ако едно утро забележите непознат човек како излегува од спалната на вашата мајка?“

„Еден од менаџерите му шепнува на кандидатот на уво: „Изглуми неверојатна Индија“.

„Изрецитирај приказна во која кравата е протагонист“.

„Докажи дека 1=2“.

„Кажи како да се направи супа од октопод за 30 секунди“.

Иако студентите се исцрпени додека се подготвуваат за овие чудни прашања, голем дел од нив веруваат дека не постои друг начин колеџите да ги изберат најдобрите студенти од сите потенцијални кандидати.

„Ако јас постигнам 95% на тестирањето во 12-то одделение, а друг ученик постигне 96%, како еден колеџ ќе открие кој од нас е подобар?“, вели Пулкит Агарвал, студент кој успеал да влезе во неколку врвни институции на Индија.

„Тие мораат да прашуваат бизарни прашања за да не` натераат да размислуваме „надвор од кутијата“ и да реагираме на ситуации кои се надвор од нашата удобна зона“, додава тој.

И навистина, ова до одреден степен е вистина. Во последниве години, индискиот одбор за образование дава највисоки оценки за учениците од 12-то одделение. Високите оценки, заедно со ограничените места резултираат со доста скратувања на студентите. На пример, за да влезат во еден од најдобрите универзитети, Универзитетот во Њу Делхи, студентите треба да постигнат речиси совршен 100% резултат на нивниот тест во 12-то одделение.

Меѓутоа истражувањето спроведено од страна на голем број компании, вклучувајќи и ја и Google, укажува на тоа дека мозочните загатки не се особено корисни во изборот на вистинските кандидати. ВО 2013 година, Лазло Бок, постар заменик претседател во Google, вели дека ваквите прашања биле целосно губење на времето.

„Тие не предвидуваат ништо. Тие првенствено служат за да направат интервјуерите да се чувствуваат паметни“, вели тој .

Дел од институциите во Индија полека започнаа да го согледуваат овој факт и сега спроведуваат нови стратегии. Така на пример институтот IIM Бангалор одлучил да ги укине овие стресни интервјуа и да се фокусира повеќе на разбирање на кандидате и нивните амбиции.

„Кандидатите веќе се под стрес, па затоа првото нешто што го правиме е да се осигураме дека тие се чувствуваат удобно во текот на интервјуто“, вели Соурав Мукхери, декан на академските програми во IIM Бангалор.

„Ние сакаме да ги оценуваме според нивните комуникациски вештини, нивното присуство и слично“.

Но, сега засега IIM Бангалор останува еден од ретките колеџи кои спроведуваат ваква стратегија. Индиските студенти и понатаму се заглавени да пронајдат одговори на сите овие бизарни прашања, меѓу кои е и прашањето: „Колку топчиња за голф може да се стават во еден училишен автобус?“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование