X
 16.01.2021 Живот

Данска подготвува дигитален пасош за вакцини против Ковид-19

Данска работи на создавање дигитален „пасош за вакцини“ за луѓето што примиле вакцина против Ковид-19 со цел да им помогне да патуваат. Од министерството за здравство на Данска известиле дека очекуваат од другите земји да бараат потврда за вакцинација при влез, па тука би бил од помош дигиталниот пасош за вакцини.

Пасошот може да пристигне во првите месеци од годинава и ќе биде достапен на веб-страницата на институтот за јавно здравје во Данска, но не се знае дали тој ќе биде достапен и преку апликација. Од министерството додале дека треба дополнително да се истражи дали луѓето што биле вакцинирани може да го шират коронавирусот и колку трае имунитетот по примањето на вакцините.

Минатата година Естонија откри дека тестира дигитален пасош за имунитет за оние што прележале Ковид-19 и добиле имунитет, иако останува нејасно колку трае имунитетот по прележувањето на болеста.

Данска почна да ги вакцинира постарите лица и здравствените работници кон крајот на декември и досега вакцинирала околу 1% од своето население. Се очекува да заврши вакцинирањето во околу 900 старски домови.

Светската здравствена организација (СЗО) минатата година изјави дека работи на електронски сертификат за вакцини, кој би требало да претставува дигитална здравствена книшка.

Автор: Николај Скајдсгард
Извор: weforum.org 
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот