Научникот Стивен Хокинг му оддаде чест на професорот кој го инспирирал на почетоците на неговото образование во областа на математиката.
Хокинг вели дека Дикран Тата од училиштето „St. Albans“ му ги отворил очите за математиката, која тој ја опишува како „скица на универзумот“.
- Мојот ракопис беше лош, а можев и да бидам мрзелив. Многу професори беа здодевни. Не и г-ин Тата - вели физичарот.
Професорот Хокинг зборувал пред доделувањето на наградата за најдобар наставник во светот овој викенд и снимил видео за професорот, кој починал во 2006 година.
- Неговите часови беа интересни и живописни. За сè можеше да се дебатира. Заедно го изградивме мојот прв компјутер, беше направен со електромеханички прекинувачи - вели Хокинг - Благодарение на г-ин Тата, станав професор по математика на Кембриџ, работа која некогаш ја имал Исак Њутн.
Професорот Хокинг додава дека „позади секој исклучителен човек постои исклучителен професор“.