X
 10.03.2019 Живот

Слика што најдобро го покажува времето во кое живееме

Ако мислите дека добивате многу известувања од социјалните мрежи во текот на денот, сè уште не сте виделе ништо.

Експериментот што една професорка го спроведе, а е поврзан со користењето на телефоните од нејзините студенти на интернет, стана хит.

За целите на експериментот, професорката од студентите побара да го зголемат гласот на нивните телефони за да можат да слушнат кога уредите ќе ѕвонат за известување или порака што ја добиле. Потоа, класот направил „колективна евиденција“ од сите известувања и пораки што доаѓале на нивните телефони за време на часовите, а воделе евиденција и за изворот од каде што доаѓале пораките и известувањата.

Конечниот резултат е вџашувачки и кажува многу за времето во кое живееме и пречките на кои студентите се изложени за време на едно предавање.

Податоците од овој експеримент професорот по политички науки Алекс Копок од „Јеил“ ги претвори во графикон и го објави на „Твитер“, а на него најдобро може да се види најпопуларната форма на комуникација - така студентите најмногу добиваат класични пораки, следуваат известувања од „Инстаграм“, а потоа се е-пораките.

Графиконот го искоментира и Рих Мajнер, еден од создавачите на „Андроид“. Тој на „Твитер“ напиша дека е загрижен поради светот за кој помогнал да се создаде и во чиј центар се паметните телефони.

Експериментот не кажува на која возраст се студентите или колку студенти се во класот или колку време трае часот. Сепак, вџашувачки е колку децата и тинејџерите се „залепени“ за нивните телефони.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот